СветСвет.Портал

Во Триполи, жестоки судири меѓу силите на ЛНА и ВНД

Бомбардирањето на либискиот главен град денеска е интензивирано поради што принудно е евакуиран дел од пациентите од болницата недалеку од единствениот преостанат отворен аеродром.

Триполи, 28 февруари 2020 (МИА) – Бомбардирањето на либискиот главен град денеска е интензивирано поради што принудно е евакуиран дел од пациентите од болницата недалеку од единствениот преостанат отворен аеродром.

Според некои светски агенции денешното бомбардирање е едно од најтешките од потпишувањето на договорот за прекин на огнот постигнат во јануари.

Низ градот одекнуваат експлозии, а облаци црн чад излегуваат од локации во близина на аеродромот Митига кој е под контрола на Владата.

Вооружените конфликти меѓу Либиската национална армија (ЛНА), лоцирани во источниот дел на земјата, предводени од Калифа Хафтар и меѓународно признатата Влада на националниот договор (ВНД) во Триполи, се разгоруваат, додека ОН бараат да се одржат мировни преговори во Женева.

ЛНА ја поддржуваат Египет и Обединетите Арапски Емирати, додека Турција и здружените борбени единици од Сирија ги поддржуваат ВНД. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close