СветСвет.Портал

Во Токио повеќе 1.000 заразени со новиот коронавирус

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Токио за 24 часа изнесува 130, со што вкупниот број на инфицирани е повеќе од 1.000.

Токио, 5 април 2020 (МИА) – Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Токио за 24 часа изнесува 130, со што вкупниот број на инфицирани е повеќе од 1.000.

Ова досега е најголем дневен скок на потврдени случаи.

Властите во Токио ги повикаа граѓаните да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања.

Со зголемувањето на бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Токио, се почести се повиците до централната власт да воведе вонредна состојба.

Во Јапонија вкупно има повеќе од 3.000 заразени со 77 смртни случаи. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close