БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Тирана уапсена Албанка барана од италијанските власти за тероризам

Албанската полиција во Тирана уапси албанска државјанка за тероризам, барана со меѓународна потерница распишана од италијанските власти, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тирана, 5 септември 2020 (МИА) – Албанската полиција во Тирана уапси албанска државјанка за тероризам, барана со меѓународна потерница распишана од италијанските власти, јави дописничката на МИА од Тирана.

Станува збор за Лубјана Ѓечај (43) која била главна осомничена во предметот „Мартеса“ (брак) за кој секторот за антитероризам на италијанската полиција истрагата ја финализирал на 1 јули 2015 година, со која била откриена албанско-италијанска терористичка ќелија, чија база била во Италија.

-По повеќемесечна истрага во обемна акција во неколку градови во Италија и во Лушња, Албанија, биле уапсени 10 лица, од нив четворица Италијанци, петмина Албанци и еден Канаѓанец. Дел од оваа група се и албанските државјани Баки Чоку, Дритан Ѓечај, Алдо Кобузи, Арта Какабуни и Љубјана Геџај, која успеала да се спаси од апсење и се засолнила во Албанија, пренесуваат медиумите.

Сега уапсената Лубјана и нејзинот сопруг Дритан Ѓечај запознавале млади лица кои потоа стапувале во брак, поради што досието го добило името „брак“.

Кусо им обезбедувале сместување и финансиска помош, а потоа им купувале билети и од аеродромот во Тирана ги испраќале во Турција, а потоа и во Сирија да се борат за терористичката исламска држава.

Брачната двојка Ѓечај живеела во провинцијата Бергамо од 2010 година, каде добивале и помош од општината.

Меѓу оние кои ги испратиле во Сирија се и Албанецот Алдо Кобузи и неговата сопруга, Италијанката Марија Џулија Серџио, која го примила исламот и станала Фатима аз Захра. Тие во брак стапиле на 17 септември 2014, а само по неколку дена заминале за Сирија.

Судот во Милано, во отсуство на Лубјана, и изрекол затворска казна во траење од три години под обвинение „меѓународен тероризам и пропаганда во полза на џихадизмот“, а нејзиниот сопруг, иако обвинителството барало казна затвор во траење од две години и четири месеци, бил пуштен на слобода.

Уапсената, која е мајка на три деца, ќе биде екстрадирана во Италија. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close