Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Тирана тркалезна маса на Советот за инклузивно управување

Советот за инклузивно управување (CIG), меѓународна невладина организација со седиште во САД, организира дводневна тркалезна маса во Тирана за претставниците на политичките партии од Западен Балкан од 7-9 декември.

Тирана, 8 декември (МИА) – Советот за инклузивно управување (CIG), меѓународна невладина организација со седиште во САД, организира дводневна тркалезна маса во Тирана за претставниците на политичките партии од Западен Балкан од 7-9 декември.

Дискусиите се фокусираа на предизвиците со кои се соочува регионот во патот на европската интеграција, како и улогата на политичките партии во спроведувањето на реформите и унапредувањето на регионалната соработка, соопшти Инклузивниот совет за управување.

Главниот донатор на ЦИГ е Федералното Министерство за надворешни работи на Швајцарија, а проектот беше поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Германија.

Тоа е втора тркалезна маса во проектот. Првата се одржа во Скопје од 19 до 20 октомври, се вели во соопштението.

Учесници на овој регионален собир вклучуваат претставници на политички партии од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.вт/

Back to top button
Close
Close