0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Тирана почна постапка за екстрадиција на „европскиот Ескобар“во Франција

Судот во Тирана почна постапка за екстрадиција на турски државјанин во Франција, кој е осуден на 30 години затвор поради трговија со хероин

Тирана, 19 јануари 2020 (МИА) – Судот во Тирана почна постапка за екстрадиција на турски државјанин во Франција, кој е осуден на 30 години затвор поради трговија со хероин.

Станува збор за Фарук Бајбесин, кој е познат како „европскиот Ескобар“. Тој во Франција е осуден во отсуство поради илегална трговија со хероин во Европа.

Бајбесин беше приведен на меѓународниот аеродром во Тирана, на 24 декември минатата година. Судот му одреди мерка притвор, а по добивањето на барањето од француските власти почната е постапката за екстрадиција.

Според полицијата, 53-годишниот Бајбесин од недозволената трговија со хероин остварил милионски приходи.

Махмут Бајбесин, таткото на Фарук, исто така е осуден како дел од нарко мрежата.

На чело на нарко мрежа, која покјрај Турција и Франција била активна низ цела Европа, бил Хусеин Бајбазин, кој исто така е во затвор. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close