Дописници МКДОпштински вести

Во Тетовско изречени 80 предупредувања за неносење заштитна опрема

На подрачјето на тетовскиот регион изминатите два дена од страна на полициски службеници изречени се 80 предупредувања за неносење задолжителна заштитна опрема, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Од вкупниот број, 31 лице добиле и писмено предупредување.

Тетово, 1 мај 2020 (МИА) – На подрачјето на тетовскиот регион изминатите два дена од страна на полициски службеници изречени се 80 предупредувања за неносење задолжителна заштитна опрема, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Од вкупниот број, 31 лице добиле и писмено предупредување.

-Во периодот од 30 април до 1 мај поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик пријави по разни основи на прекршување има за пет лица, потенцира Јосифоски.

СВР Тетово регистрира нови 14 лица кои добиле решенија за изолација дома од Државен здравствен и санитарен инспекторат со што вкупно се контролирани 115 лица.  Нема нови луѓе кои потпишале изјави за самоизолација дома, со што бројката останува 41.

Во државен карантин на 14 дена во хотелите на Попова Шапка пристигнале уште 12 лица или вкупно 119 луѓе.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close