Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Тетово за четири месеци вкупно 2.709 сообраќајни мерки за пречекорување брзина

Во изминатите четири месеци од оваа година на поширокото тетовско подрачје биле изречени вкупно 2.709 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место, бележат во отсекот за аналитика на податоците при СВР Тетово.

Тетово, 5 мај 2021 (МИА) – Во изминатите четири месеци од оваа година на поширокото тетовско подрачје биле изречени вкупно 2.709 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место, бележат во отсекот за аналитика на податоците при СВР Тетово.

Според оваа бројка секојдневно над 20-тина возачи се казнувани за пребрзо возење.

– Контролните активности на тој план со несмалено темпо и динамика продолжуваат и овој месец, дотолку повеќе што неприлагодената брзина според условите на патот и годинава е причина број еден за досега случените сообраќајни несреќи.  Меѓутоа, треба да се истакне дека во првите четири месеци, споредено со лани, вкупниот број на несреќите и пред се на загинатите и тешко повредените лица во нив бележи забележително намалување. Напоредно со контролите за  брзина, „под лупа“ ќе бидат, исто така, и оние кои седнуваат зад волан без положен испит, оние кои управуваат технички неисправни или нерегистрирани возила, како и возачите-почетници кои не се придржуваат на законските ограничувања, предвидени за оваа категорија учесници во сообраќајот, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Само вчера на тетовското подрачје биле откриени и санкционирани девет возачи без валидна возачка дозвола и двајца почетници-прекршители. а.с/цр

Таг
Back to top button
Close
Close