Дописници МКДОпштински вести

Во Тетово се одржа јубилејно издание на детскиот музички фестивал „Пчеличка“

Детскиот музички фестивал на албански јазик „Пчеличка“ вчера го одржа јубилејното 25-то издание.

Тетово, 6 декември 2019 (МИА) – Детскиот музички фестивал на албански јазик „Пчеличка“ вчера го одржа јубилејното 25-то издание.

На фестивалот, кој вчера се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ присутните и учесниците ги поздрави министерот за култура Хусни Исмаили.

– Веќе 25 години Фестивалот и детската песна се потврда за посветеноста и бескрајната љубов на младите изведувачи кон музиката, низ која се преточуваат детските желби, радости, доживувања, соништа, љубов, копнежи. Многу наши музичари токму на овој фестивал ги имаа своите први почетоци, а верувам дека и новите млади музички ѕвезди ќе продолжат по нивните стапки, рече Исмаили.

На фестивалската вечер настапија 20 деца, а стручно жири додели награди за најдобрите. Изведувачите на песните беа придружувани од детскиот хор на училиштето „Лирија“ предводена од наставничка по музика Лори Ибрахими. ас/мс/

Back to top button
Close
Close