Дописници МКДОпштински вести

Во Тетово првото бебе е женско 

Во гинеколошкото одделение во Клиничката болница во Тетово Саиде Касами го роди првото женско бебе годинава.

Тетово, 1 јануари 2020 (МИА) – Во гинеколошкото одделение во Клиничката болница во Тетово Саиде Касами го роди првото женско бебе годинава.

Таа се породила во 8 часот, од екипа предводена од докторката Ѓузвете Таири. Бебето е прво дете на Садие, има тежина од три килограми и ќе се вика Мелек.

Мајката и бебето на попладнево ги посети тетовската градоначалничка Теута Арифи.

-Особено задоволство ми е да годината да ја започнеме во гинеколошкото одделение. Имаме чест на првото бебе Мелек да му посакаме среќен и долг живот заедно со родителите, рече Арифи.

Родилката Саиде Касами од општина Тетово ќе добие 40 илјади денари. ас/рп/

Back to top button
Close
Close