0_Web_АктуелноОпштество

Во Тетово престануваат да важат мерките против загадувањето на воздухот

Во Тетово престануваат да важат мерките за загаденост на воздухот, бидејќи PM10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од Владата.

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од Владата.

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК), средно-дневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен во последните два дена во Тетово.

Со тоа престануваат да важат мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички за овој град, соопштија од Владата. ир/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close