Дописници МКДОпштински вести

Во Тетово поставен камен темелник за изградба на затворен пливачки базен

Во Тетово беше поставен камен темелник за затворен пливачки базен во рамки на проектот на Агенцијата за млади и спорт за градење на 14 вакви објекти.

Тетово, 9 февруари 2020 (МИА) – Во Тетово беше поставен камен темелник за затворен пливачки базен во рамки на проектот на Агенцијата за млади и спорт за градење на 14 вакви објекти.

За изградба на пливачкиот базен со димензии од 25 метри во должина и девет ширина, ќе се потрошат 43 милиони денари со ДДВ. Рокот за изведба е 18 месеци, но се очекува дека до крај на оваа година ќе биде во функција на граѓаните.

– Започна проектот со консултација со спортски работници кои укажаа дека е потребна ваква инфраструктура не само во Скопје туку и во сите градови. Целта е да намалат штетни влијанија кај нашите деца како што сколиози, деформитети, зголемување на телесна тежина, што пред се со пливањето како базичен спорт ќе може да биде острането, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

На настанот присуствуваа премиерот на техничката Влада Оливер Спасовски, министерот Хисен Џемаили и други владини функционери.

-Ова е за нас голем ден бидејќи започнуваат важни проекти за иднината и за на здравиот начин на живот. Задоволство ми е поголемо што е од општина Тетово започнуваме, се надевам дека наредните денови и другите пет градови ќе почнат со градење во првата фаза, а потоа уште осум базени. Владата покажа дека важно место зазема спортот во агендата на Владата. Посебно сум горд на ваучерскиот систем, физичко образование од прво одделение со посебен наставник. Сето тоа покажува за намерите и добрите идеи и што треба да правиме со идните генерации. Колку побрзо се стават во функција вакви проекти толку подобро и за државата, рече Спасовски.

Според министерот Џемаили, овој објект покрај од спорски карактер, ќе биде важен и од аспект за работата на наставниот кадар, во медицинските третмани, но воопшто и за генерациите што доаѓаат.

Во првата фаза ќе се започне со градење на базени во Тетово, Кичево, Штип, Битола, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а потоа во уште осум општини. ас/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close