Дописници МКДОпштински вести

Во Тетово петмина се движеле без соодветни дозволи за време на полицискиот час

Нови пет лица во тетовскиот регион се евидентирани како без соодветни дозволи се движат за време на полицискиот час во периодот вчера од 7 часот до утринава во истото време. Сите петмина се приведени во полициски станици.

Тетово, 28 април 2020 (МИА) – Нови пет лица во тетовскиот регион се евидентирани како без соодветни дозволи се движат за време на полицискиот час во периодот вчера од 7 часот до утринава во истото време. Сите петмина се приведени во полициски станици.

– Против нив ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик, информира денес СВР Тетово.

Исто така, според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатото деноноќие на 18 лица им се издадени решeнија за изолација, а 25 потпишале изјави за самоизолација. ас/нд/

Back to top button
Close
Close