Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Тетово Илинден одбележан со свеченост пред Споменикот на револуцијата

Со пригодна свеченост пред Споменикот на револуцијата во Тетово денеска се одбележа националниот празник 2-ри Август - Илинден.

Тетово, 2 август 2021 (МИА) – Со пригодна свеченост пред Споменикот на револуцијата во Тетово денеска се одбележа националниот празник 2-ри Август – Илинден.

Пред споменикот  букети цвеќе положија повеќе делегации од институции, установи, здруженија на граѓани и политички партии.

-Се собравме денес да го одбележиме најголемиот празник во историјата на македонскиот народ Илинден. Вековната желба на македонскиот народ за создавање на своја држава се исполни на овие два датуми Илинден 1903 и Илинден 1944 година. Со создавањето на Крушевската Република во 1903 победи македонскиот дух и потребата за своја држава. Вториот датум, кога е формирано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ кога е остварено се што напатениот македонски народ мечтаел и сонувал, рече во својот пригоден реферат претседателот на општинска организација на Сојузот на Борци од Тетово, Јоцко Димитриевски. ас/вг/

Back to top button
Close
Close