Дописници МКДОпштински вести

Во Тетово ќе се гради прва монтажна катна гаража

Тетово треба да ја добие првата монтажна катна гаража за паркирање на возила во центарот на градот.  На електронскиот систем за јавни набавки објавен е договорот кој на 14 април Општина Тетово го склучи со фирма од Желино за изградба на овој објект. Објектот ќе се гради на веќе постоечки паркинг позади згради кои наоѓаат на улиците „Јане Сандански“ и „Маршал Тито“.

Тетово, 17 април 2021 (МИА) – Тетово треба да ја добие првата монтажна катна гаража за паркирање на возила во центарот на градот.  На електронскиот систем за јавни набавки објавен е договорот кој на 14 април Општина Тетово го склучи со фирма од Желино за изградба на овој објект. Објектот ќе се гради на веќе постоечки паркинг позади згради кои наоѓаат на улиците „Јане Сандански“ и „Маршал Тито“.

-Предмет на овој договор „Изградба на монтажна катна гаража во урбан блок 37“ согласно спроведена отворена постапка за јавна набавка. Изведувачот работите ќе ги изведе за вкупна вредност од 50.687.608 денари со вклучен ДДВ, стои во договорот кој е објавен на интернет страницата на електронскиот систем за јавни набавки.

Договорот се склучува на определено време за период од една година од денот на склучување. Во документот е наведена динамина на извршување на работите, како и договорна казна за задоцнување или неисполнување на договорот. ас/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close