Дописници МКДОпштински вести

Во Тетово  Денот на независноста одбележан пред Споменикот на револуцијата 

По повод Денот на независноста, 8 Септември, во Тетово цвеќе положија делегации на општинскиот комитет комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и општиската организација на СДСМ. 

Тетово, 8 септември 2020 (МИА) – По повод Денот на независноста, 8 Септември, во Тетово цвеќе положија делегации на општинскиот комитет комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и општиската организација на СДСМ.

Делегација на Општинската организација на СДСМ Тетово предводена од пратеничката Фаница Николоска, претседателот Бобан Видоески и координаторот на советничката група Живе Алексоски положи цвеќе на споменикот на Револуцијата. Тие порачаа земјава да продолжи да чекори напред, по европскиот пат.

Делегацијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, пак, ја предводеше  пратеникот Александар Велјановски.

-На денешен ден пред 29 години, повеќе од 1,1 милион граѓани гласаа позитивно на референдумското прашање за самостојна држава и го трасираа патот на Република Македонија. Промената на името задира длабоко во нашиот идентитет, името е силно поврзано со нашиот идентитет. Ние мораме постојано да работиме на идентитетот зашто тоа е наша должност која ни ја оставија нашите родители, баби и дедовци, истакна Велјановски. ас/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close