0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Во Тетово 15 лица не го почитувале полицискиот час, од нив двајца малолетници

Двајца малолетници се меѓу луѓето кои тетовската полиција ги откри дека не го почитуваат полицискиот час по што се приведени во полициска станица. Покрај нив, откриени се уште 13 други лица за време на полицискиот час.

Тетово, 28 март 2020 (МИА) – Двајца малолетници се меѓу луѓето кои тетовската полиција ги откри дека не го почитуваат полицискиот час по што се приведени во полициска станица. Покрај нив, откриени се уште 13 други лица за време на полицискиот час.

– Во периодот од 7 часот вчера до утрово во 7 часот откриени се вкупно 15 лица, од кои двајца малолетници како се движат во термините во кои е определно ограничено движење. Единаесет од нив ќе добијат соодветени поднесоци, а четворица добија опомени. Лицата се најдени на повеќе локации, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Досега во тетовско се откриени 46 лица кои излегле за време на ограничувањето на движењето.

Тетовската полиција во изминатото деноноќие откри и четири угостителски објекти на повеќе места низ тетовскиот регион кои работеле. Локалите се затворени, а за двајца од сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави. ас/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close