Дописници МКДОпштински вести

Во тек се повеќе проекти во Крушево и во индустриската зона „Опаленик“  

Крушево работи на неколку проекти за да се решат проблемите од повеќе области. Ќе се реконструираат улици, покрив на спортската сала во основното училиште, а се опремува и мултифункционалната сала во старата, горна училишна зграда во градот.

Крушево, 13 април 2021 (МИА) – Крушево работи на неколку проекти за да се решат проблемите од повеќе области. Ќе се реконструираат улици, покрив на спортската сала во основното училиште, а се опремува и мултифункционалната сала во старата, горна училишна зграда во градот.

Од голема корист е и агрометеоролошката станица во Индустриската зона „Опаленик“  каде е најавено дополнително зафаќање на води што ќе значи водоснабдување за стопанските субјекти во Зоната.

Имено, во тек се неколку тендерски постапки, а наскоро ќе почнат теренските работи.  На 15 март Министерство за транспорт и врски објави тендер за реконструкција на дел од улицата „Питу Гули“, од црквата „Св. Троица“ до хотелот „Монтана палас“, каде што ќе биде изграден и паркинг-простор. Овој проект се реализира со средства од Светската банка, откаде се финасираат уште неколку проекти од патната инфраструктура.

Како што информираат од крушевската локална самоуправа, ќе се реконструираат покривот и салата во крушевското основно училиште „Никола Карев“ за што Министерството за образование и наука објави оглас за јавна набавка. Во меѓувреме, во тек е опремувањето на театарот и киносалата во горната училишна зграда во Крушево. Овој простор е опремен со аудио и видео опрема, со столови, акустични завеси и со други придружни елементи за опремувањето на овој простор. Опремувањето на мултифункционална сала е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Од повеќето проекти кои се во тек во Крушево е и осветлувањето на патот до Крушевско Езеро, едно од најпопуларните места. Таму Општината со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го изградија патот од Гумење до езерото.

Во Индустриската зона „Опаленик“ се повеќе зафати. Преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во околината на Зоната е поставена агрометеоролошка станица со која земјоделците од Крушевскиот регион ќе имаат поверодостојни информации за побезбедно и поквалитетно одгледување на земјоделските култури. Почна и проектот за дополнително зафаќање на водите со што ќе се обезбеди целосно водоснабдување на сегашните и идни компании во и околу Зоната. Првата фаза од овој проект чинеше 5 милиони денари и се реализираше преку Министерство за животна средина. ем/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close