Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Во тек се аудициите за 25. Фестивал на детски песни „Гроздоберче”

Се подготвуваат песните за 25. Фестивал на детски песни „Гроздоберче”, во тек се аудициите, информираше денеска Зоран Станоев-Дејзи, уметнички директор на фестивалот.

Кавадарци, 17 јуни 2021 (МИА) – Се подготвуваат песните за 25. Фестивал на детски песни „Гроздоберче”, во тек се аудициите, информираше денеска Зоран Станоев-Дејзи, уметнички директор на фестивалот.

Тој нагласи дека солистите, хорот, балетските точки во рамките на фестивалот, кој има симболично име кое го одразува духот на Тиквешијата, четврт век оставаат белег кој ќе трае.

-Дваесет и пет години остануваме верни на традицијата. Новите песни, исто така, како и сиот овој изминат период, носат убави пораки до сите деца во целиот свет, но и до возрасните.  Вообичаено, секоја година на фестивалот, покрај учесници од нашата земја, имаме и гости од странство. На тој начин преку песната развиваме пријателства кои траат, нагласи Станоев.
Тој изрази благодарност  до поддржувачите на фестивалот и родителите на дечињата  кои се дел од фестивалот.

-Нема ништо поубаво на светот од детските насмевки. Тоа и ни е целта со овој фестивал. Што повеќе радост и смеа кај децата, затоа што тие невини души ја заслужуваат целата среќа на овој свет, додаде Станоев.

Појасни дека децата  ќе пеат за патувања, другарство, за музиката, за многубројни теми кои се значајни за нивната возраст. свд/хс/

Back to top button
Close
Close