0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во тек изградбата на просторни патеки во М.Каменица

Почна изградбата на просторни патеки во општина Македонска Каменица.

Македонска Каменица, 29 април 2020 (МИА) – Почна изградбата на просторни патеки во општина Македонска Каменица.

Врешејки увид во градежните активности, градоначалничката Соња Стаменкова истакна
дека целта на оваа активност е обезбедување подобар пристап на граѓаните до своите домови.

– Ова е една од нашите програмски определби, со чие реализирање на граѓаните ќе им овозможиме подобар и олеснет пристап до нивните домови. Изведувањето на градежните работи се врши во приградските населби на општина Македонска Каменица, со што имаме предвидено изградба на неколку просторни патеки, информира Стаменкова.

Паралелно како што додаде, Општина Македонска Каменица работи и на поставување на заштитна метална ограда на локалните патишта.

-Со поставувањето на овие огради ќе биде решен проблемот на деловите со ризични и опасни свиоци во повисоките планински рурални средини, додаде Стаменкова

Проектот го реализираат екипи на Јавното претпријатие „Камена река“, а истиот како што додадоа од претпријатието, има за цел за жителите од планинските населени места, да им се овозможи олеснето
и безбедно движење особено во зимскиот период. вс/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close