0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020

Во тек екипирање на избирачките одбори во Делчево

Општинската изборна комисија во Делчево продолжува со прекинатите изборни активности за подготовка на предвремените парламентарни избори 2020. Претседателот на општинската изборна комисија Владимир Петровски, информираше дека во моментот се комплетираат избирачките одбори, по што ќе следи и едукација за самите членови.

Делчево, 24 јуни 2020 (МИА) – Општинската изборна комисија во Делчево продолжува со прекинатите изборни активности за подготовка на предвремените парламентарни избори 2020. Претседателот на општинската изборна комисија Владимир Петровски, информираше дека во моментот се комплетираат избирачките одбори, по што ќе следи и едукација за самите членови.
-Општинската изборна комисија ги презема сите неопходни активности, како технички така и администрациски за подготвка на изборните дејствија за предвремените парламентарни избори. Активностите се одвиваат согласно уредбата на Владата која е на сила. Комплетирањето на членовите се одвива во кореспонденција со општинската администрација и согласно протоколите од Комисијата за заразни болести, а преточени во акти од страна на ДИК, рече Петровски.
Самата едукацијата за членовите на избирачките одбори, како што додаде Петровски, ќе се одвива согласно однапред утрврден план на Државната изборна комисија.
-Согласно планот доставен од ДИК, со едукацијата ќе бидат опфатени сите членови на избирачките одбори. Тие ќе бидат известени телефонски за времето и местото на одржување, се со цел подготвени да го дочекаме изборниот процес, додава Петровски.
Во Делчево на предвремените парламентарни избори според информациите на Општинската избирна комисија ќе се гласа на 36 избирачки места. Точниот број на гласачи како што дополнија од ОИК Делчево ќе биде соопштен дополнително. вс/мд/

Back to top button
Close
Close