Дописници МКДОпштински вести

Во тек е пријавувањето за културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2020“

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка интензивно се подготвува за годинашното издание, единаесетто по ред, на културната манифестација “Поклонение на св.Теодор Тирон” во село Конопница.

Крива Паланка, 26 февруари 2020 (МИА) – Локалната самоуправа на општина Крива Паланка интензивно се подготвува за годинашното издание, единаесетто по ред, на културната манифестација “Поклонение на св.Теодор Тирон” во село Конопница.
-Општината ги повика сите заинтересирани да земат учество на манифестацијата која ќе се одржи на 8 март годинава во црквата Свети Теодор Тирон во село Конопница. Право на учество имаат сите снаи кои имаат склучено брак помеѓу две тодорови саботи, заедно со своите свекрви облечени во народни носии. Заинтересираните учеснички можат да го пријават своето учество кај координаторот на манифестацијата, Стојанче Величковски од здружението ”Патник” или во Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија при Општина Крива Паланка, информира службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека се очекува манифестацијата да привлече голем број учесници.
Манифестацијата се организира под покровителство на Општина Крива Паланка, во организација на РЗР „Патник“, со поддршка од месната заедница на село Конопница, Центарот за култура и Градскиот музеј Крива Паланка.
Во пресрет на манифестацијата, во Центарот за култура – Крива Паланка, на 6 март 2020 ќе биде отворена изложбата „100 најдобри дела“ од авторскиот проект на Стојанче Величковски Меѓународен конкурс за карикатура  „Невестинско Поклонение“. ид/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close