0_Магазин.ПорталСцена

Во тек е избор на глумци за играната верзија на „Херкул“ (видео)

По „Аладин“, „Кралот лав“ и неколку други филмувани верзии на историски класици на Дизни, сега се подготвува и реалистична, односно играна преработка на цртаниот филм „Херкул“ од 1997 година.

Лос Анџелес, 13 мај 2020 (МИА) – По „Аладин“, „Кралот лав“ и неколку други филмувани верзии на историски класици на Дизни, сега се подготвува и реалистична, односно играна преработка на цртаниот филм „Херкул“ од 1997 година.

Ariana Grande ● I Won't Say I'm In Love🥀 (Hercules)

Posted by Arianators Forever ツ on Недела, 19 април 2020

По видеото на кое ја пее „I Won’t Say I’m In Love“, Аријана Гранде стана најголем фаворит за улогата на Мегара меѓу обожавателите на Дизни. Мегара му е девојка на Херкул во приказната.

Пејачката Лорен Кејана Кеке Палмер пак, е главен фаворит за една од музите. Таа пред своите следачи на Фејсбук ја изведе „Zero to Hero“, исто така, песна напишана за цртаниот филм.

"Zero to Hero" – Disney Singalong

This was BEYOND fun!!! 💪 Watch me and the Dancing with the Stars Pros perform "Zero to Hero" from #DisneyFamilySingalong now!

Posted by Keke Palmer on Вторник, 12 мај 2020

Новиот филм е во претпродукција, па многу од улогите, како на пр. ликот Херкул, сѐ уште не се доделени. си/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close