Дописници МКДОпштински вести

Во тек активности за проширување на електричното осветлување во Берово

Во тек се активности за проширување на електричното осветлување во Берово. Активностите се одвиваат на повеќе локации во градот.

Берово, 13 август 2020 (МИА) – Во тек се активности за проширување на електричното осветлување во Берово. Активностите се одвиваат на повеќе локации во градот.
– Во рамки на активностите на општина Берово за одржување на мрежата за улично осветлување, општина Берово деновиве изврши проширување и сервис на мрежата за улично осветлување. Сервисот се врши со целт отстранување на оштетените сијалици и подобрување на видливоста низ градските улици, информираат од општината.
Тие посочија дека паралелно се инсталира нова електрилна мрежа која е дел од Прекуграничен проект со Република Бугарија.
– Паралелно со интервенциите за сервис на оштетените сијалични места и замена со нови, во рамки на проектот финансисран од Програмата за прекугранична соработка Македонија – Бугарија, инсталирана е и нова мрежа за улично освелување, за подобрување на осветлувањето во целиот град, додадоа надлежните.
Информираа дека редовното одржување на мрежата за јавно осветлување ќе продолжи и понатаму. вс/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close