Дописници МКДОпштински вести

Во тек активност за откривање на ,,дивите” корисници на вода во Пехчево

Во општина Пехчево во тек е активност за откривање на таканаречените ,,диви" корисници" на водоводната и канализационата мрежа.

Пехчево, 6 февруари 2020 (МИА) – Во општина Пехчево во тек е активност за откривање на таканаречените ,,диви” корисници” на водоводната и канализационата мрежа.
Од општината ги информираа ,,дивите” корисници дека приклучување на водоводната и канализациона мрежа, без одобрение за приклучување и без склучен договор со давателот на услугата, не е дозволено.
-Согласно одредбите од законот за инспекциски надзор и законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, заради заштита и спречување на оштетување на водоснабдителниот и канализациониот систем, забранети се повеќе недозволени дејствија меѓу кои и бесправно користење на вода без водомер, како и самоволно демонтирање и монтирање на водомери и водоводни арматури без согласност на давателот на услугата, информираа од општината.
Од таму додадоа, дека засилени контроли ќе се вршат и поради се позачестеното испуштање на цврсти материи во канализационата мрежа.
– Во последно време забележителна е појавата на исфрлање разни отпадни работи во канализационата мрежа како песок, земја, цемент, вар, камења, дрва, пепел, трска, метал, стакло, пластични материи и други слични материи со поголем вискозитет. Испуштањето на отпадни материи и води кои исто така се забележани го штетуваат ѕидовите на канализациониот систем, а ова особено важи за испуштање на нафта и нафтени деривати, како и цврсти и течни запаливи и експлозивни материи во канализациониот систем, додадоа од Општината.
Апелираа да проработи свеста на граѓаните, со тоа што ќе прекине праксата на испуштање на урбаните отпадни води од септички јами и отпад во канализациониот систем.
За сторените прекршоците и непридржување кон пропишаните законските одредби, како што дополнија, предвидена е глоба во износ од 300 до 450 евра во денарска против вредност. вс/са/

Back to top button
Close
Close