0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Во светот над 8,6 милиони лица заразени со коронавирусот

Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска надмина 8,6 милиони, а бројот на починати се искачи на повеќе од 458 илјади, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Њујорк, 20 јуни 2020 (МИА) – Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска надмина 8,6 милиони, а бројот на починати се искачи на повеќе од 458 илјади, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Споредено со вчера, бројот на заразени луѓе во светот се зголеми за 200.000, а во изминатите 24 часа, од Ковид-19 починаа уште 8.000 луѓе.

САД сè уште имаат најголем број заразени и смртни случаи – над 2,2 милиони инфицирани и околу 119.000 смртни случаи.

На второ место е Бразил, кој ја надмина бројката од над еден милион заразени. Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1.038.568, а од Ковид-19 починаа 49.090 луѓе, соопшти Министерството за здравство на таа земја. Вчера беа регистрирани 1.206 нови смртни случаи, а поставен е нов рекорд по бројот на новозаразени, откако за еден ден беа потврдени нови 54.771 заразени..

Во однос на бројот на заразени, следна е Русија со околу 568 илјади жители со Ковид-19, по што следат Индија со повеќе од 380.000 и Велика Британија со нешто повеќе од 303.000 инфицирани лица.

Во однос на смртните случаи, зад САД и Бразил, Велика Британија има 42.546 смртни случаи, по што следат Италија (34.561), Франција (29.620) и Шпанија (28.315). ссм/

Back to top button
Close
Close