Дописници МКДОпштински вести

Во Свети Николе се изведува атмосферска канализација за неколку улици

Општина Свети Николе продолжува со градежната офанзива. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека почната е изведба на атмосферска канализација во населба Шутка и улица Ќиќевачка и Кумановска.

Штип, 15 мај 2020 (МИА) – Општина Свети Николе продолжува со градежната офанзива. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека почната е изведба на атмосферска канализација во населба Шутка и улица Ќиќевачка и Кумановска.

-На овие улици и населба 20 години граѓаните од овој крај имаа проблеми со избивање на фекалии и поплавување на дворовите. Време е за решавање на проблемот. Изведувач на градежните работи е Изгрев инженеринг од Велес а вредноста на оваа инвестицијата е 1.000.000 денари, вели Велковски.

Тој најави дека по завршување на овој проект  следува изведба на канализациска мрежа на Кнежевски пат и Рецко Маало-Рудина. Велковски за МИА вели дека заврши и целосната реконструкција на патниот правец од натпатникот од с.Пеширово до с.Ерџелија во должина од два километри.

Вредноста на инвестицијата е 8.300.000 денари, а финансиските средства се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и Општина Свети Николе. Остануваат во тек работите со банкините и испустите за атмосферска вода.Воедно, санирани се и поголем дел од ударните дупки во село Ерџелија, вели Велковски.

Тој забележа дека по  50 години , конечно е решен еден  горчливиот проблем на граѓаните од овој регион во овчеполието.

За две години, успеавме комплетно да го реконструираме овој патен правец од село Пеширово до село Ерџелија во должина од три и пол километри. Вкупната инвестиција за истиот е 13.500.000 денари, тоа го ветивме во предизборјето, дојде ред и да го исполниме, рече Велковски. вдј/ир

Таг
Back to top button
Close
Close