Дописници МКДОпштински вести

Во Свети Николе контроли на фирмите за почитување на здравствените протоколи

Во Општина Свети Николе вкупниот број на заразени граѓани е 26 лица, од нив четири лица се на лекување во инфективното одделение во клиничката болница во Штип, информираше денеска градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски по одржаната седница на општинскиот кризен штаб.

Штип, 2 јули 2020 (МИА) – Во Општина Свети Николе вкупниот број на заразени граѓани е 26 лица, од нив четири лица се на лекување во инфективното одделение во клиничката болница во Штип, информираше денеска градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски по одржаната седница на општинскиот кризен штаб. Тој најави и контроли на фирмите за почитување на здравствените протоколи.

– На состанокот е донесена одлука да се интензивираат контролите на превозот на патници кои го користат фирмите за нивните вработени, како и контрола над физичките лица за носење на маски. До сега се констатирани 111 прекршоци по основ на неносење на заштитни маски. Во наредните денови ќе се вклучат екипи на Основното јавно обвинителство и полициската станица Свети Николе со цел да извршат контроли над правните лица за почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19, вели Велковски.

Во Светиниколскиот регион 56 лица се со решенија за изолација за контакт со лица заболени од коронавирусот, а 12 лица се наоѓаат во државен карантин.

-Апелирам уште еднаш до сите сограѓани, сериозно да ја сфатат новонастаната ситуација со ширење на коронавирусот во нашата општина и во целост да ги почитуваат мерките и препораките за носење на заштитни маски и држење на дистанца од два метра, вели Велковски. вдј/ир

Back to top button
Close
Close