Дописници МКДФудбал

Во Струмица се одржува меѓународен фудбалски турнир за млади фудбалери

Во Струмица, Турново и Дојран од денеска до 8 март се одржува третиот меѓународен фудбалски турнир за млади категории „Пандев Куп 2020“ во организација на ФК „Академија Пандев“.

Струмица, 5 март 2020 (МИА) – Во Струмица, Турново и Дојран од денеска до 8 март  се одржува третиот меѓународен фудбалски турнир за млади категории „Пандев Куп 2020“ во организација на ФК „Академија Пандев“.

На купот ќе се натпреваруваат над 1.200 млади фудбалери, родени од 2006 до 2011 година од околу 70 фудбалски клубови од пет држави.

Меѓу екипите се младите фудбалери на Партизан од Србија, ЦСКА од Софија, Бугарија, како и од Работнички, Пелистер, Победа, Академија Пандев и други клубови.

Поради појавата на корона вирусот натпреварите ќе се одржат без присуство на публика.

Турнирот се одржува со поддршка на општина Струмица, Агенцијата за млади и спорт, а Фудбалската Федерација на Македонија е спонзор и помагател на овој настан.рт/скс/

 

 

Back to top button
Close
Close