Дописници МКДОпштински вести

Во Струмица се чистат јавните површини покрај тротоарите

Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“ Струмица почна со чистење на јавните површини кои се наогаат покрај тротоарите низ градот, информираат од претпријатието.

Струмица, 21 мај 2020 (МИА) – Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“ Струмица почна со чистење на јавните површини кои се наогаат покрај тротоарите низ градот, информираат од претпријатието.

-На улицата „11 Септември“ се исчисти тревата и нискостеблести растенија со што се подобри изгледот и хигиената на тој дел од улицата, додаваат во информацијата и најавуваат продолжување на акцијата за чистење на вакви јавни површини.

Апелираат до граѓаните да не истурат отпад на јавни површини, туку во кантите за отпадоци, а градежниот шут и кабастиот отпад (материјали од кроење дрва и средување на дворовите) да го пријават во ЈКПД „Комуналец“ за да може да биде подигнат. рт/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close