Дописници МКДОпштински вести

Во Струмица почна испораката на огревното дрво за претстојната грејна сезона

Деновиве почна испораката на огревно дрво за домаќинствата во Струмица и за неколку денови се испорачани над илјада просторни метри.

Струмица, 26 мај 2021 (МИА)-Деновиве почна испораката на огревно дрво за домаќинствата во Струмица и за неколку денови се испорачани над илјада просторни метри.

Според директорот на ЈП „Македонски шуми“, Подружница Шумско стопанство „Беласица“ од Струмица, Љупчо Митров, од јануари годинава тече потпишувањето договори за испорака на огревно дрво со граѓаните.

-Согласно склучените договори досега имаме обврска да испорачаме околу 4 илјади просторни метри огревно дрво бука и даб. Имаме доволно резерва исечено огревно дрво во шумите и во наредните денови ќе продолжиме со интензивна испорака. Сите граѓани кои ќе склучат договори и ќе платат за петнаесетина денови ќе им биде испорачана побараната количина, информираше директорот Митрев.

Инаку, цената на огревното дрво останува иста како лани. Еден просторен метар дабово огревно дрво се продава за 2.470 денари, а буката за 2.370 денари. рт/ир

 

Back to top button
Close
Close