Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Србија регистрирани 82 нови случаи, три смртни, вкупно заразени 741 лице и 13 починати

Во Србија во изминативе 24 часа, од 376 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 82 лица, негативни 294 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 741 лице, изјави на денешната владина прес-конференција заменик директорката на Инститиутот за јавно здравје „Батут“, Дарија Кисиќ.

Белград, 28 март 2020 (МИА) – Во Србија во изминативе 24 часа, од 376 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 82 лица, негативни 294 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 741 лице, изјави на денешната владина прес-конференција заменик директорката на Инститиутот за јавно здравје „Батут“, Дарија Кисиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кисиќ рече дека денеска починати се уште три лица, маж во КЦ Војводина во Нови Сад, роден 1958, и две жени во болниците во Белград, родени 1934 и 1938 година, со што бројот на починати од оваа епидемија се искачи на 13 лица.

Според сајтот на Министерството за здравство на Србија, од 13 –те смртни случаи, осум се мажи, а пет жени, со вкупна просечна старост од 65,77 и процент на смртноста од 1,75 отсто.

– Досега вкупно се хоспитализирани 356 пациенти, 55 лица кои се водат како тешки случаи се ставени на респиратор, изјави на прес-конференцијата Кисиќ.

Во националната референтна лаболаторија на Институтот Торлак во Србија досега се тестирани вкупно 2.462 лица.

Kоронавирусот е регистриран во 35 градови и според досегашните податоци најмногу заболени има во Белград-289 лица, Ваљево има 47, Чуприја 41, Ниш има 37 заразени граѓани, Крагуевац има 18 лица со потврден коронавирус, Крушевац има 18, Чачак 11, а Нови Сад, Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.

И на денешната прес-конференција епидемиолозите кажаа дека сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мора да бидат сместени во привремената болница на Белградскиот саем, кој е подготвен со 3.000 легла, како и во спортскиот центар Чаир во Ниш и на Новосадскиот саем.

РТС објави дека првите пациенти од денеска властите почнале да ги сместуваат во карантинот на Белградскиот саем.

Денеска постарите лица од 03-08 часот имаа можност да излезат од своите домови за набавка на основните намирници, можност која според вледините мерки е предвидена само еднаш неделно.

Според изјавата на директорот на полицијата Владимир Ребиќ за Танјуг, во Србија досега 1.253 лица се казнети за кршење на полицискиот час, 678 лица казнети се за кршење на мерката на самоизолација, од кои три лица вчера добија до три години казни на судењата организирани преку видео линкови. Во притвор во Србија за кршење на мерките на Владата се наоѓаат вкупно 119 лица.

Српскиот претседател Александар Вучиќ кој најави за денеска презентирање на економската програма за справување со последиците од епидемијата, прес конференцијата ја презакажа за вторник. об/

Таг
Back to top button
Close
Close