Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Србија поради грипот продолжен зимскиот распуст на учениците до 24 февруари

Српското Министерството за образование денеска донесе одлука распустот во основните и средните училишта да се продолжи до 24 февруари на целата територија на Србија.

Белград, 12 февруари 2020 (МИА) – Српското Министерството за образование денеска донесе одлука распустот во основните и средните училишта да се продолжи до 24 февруари на целата територија на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерството соопшти дека одлука е донесена со цел спречување на ширењето на грип и врз основа на тековните епидемиолошки податоци од надлежните органи.

Министерот за образование, Младен Шарчевиќ, изјави дека одлуката е донесена во консултација со Институтот за јавно здравје „Батут“.

Претходно, Министерството за здравство препорача зимскиот распуст да се продолжи заради намалување на ширењето на вирусот на грип.

Покраинскиот секретаријат за здравство на Војводина вчера донесе одлука да ја прекине работата на предучилишните и училишните установи на територијата на Војводина поради широко распространетиот вирус на грип до 21 февруари. об/сд/

Back to top button
Close
Close