Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Во сообраќајна несреќа загинал 44 годишен возач од Арбанашко општина Старо Нагоричане

Синоќа на 44 годишна возраст загинал жител на село Арбанашко (општина Старо Нагоричане),откако со автомобил излетал од коловозот, соопштија денеска од СВР Куманово.

Куманово, 21 април 2021 (МИА) – Синоќа на 44 годишна возраст загинал жител на село Арбанашко (општина Старо Нагоричане),откако со автомобил излетал од коловозот, соопштија денеска од СВР Куманово.

На 19-ти април годинава во 23:15 часот било пријавено дека на локалниот пат село Драгоманце-село Арбанашко, во атар на Кокино, општина Старо Нагоричане, во непосредна близина на пат кој води за местото Опсерваторија-Кокино, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(44) од с. Арбанашко, излетало од коловозот.

– На местото на незгодата починал возачот, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопштија од полицијата.

Претходно и од РЦУК Куманово информираа дека возилото било најдено во провалија, а во извлекувањето на починатото лице учествувале пожарникари од Старо Нагоричане и Куманово. ам/цр

Таг
Back to top button
Close
Close