Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Во сообраќајка кај патарината Отовица тешко повреден 62-годишен жител на Богомила и префрлен на скопските клиники

Во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, кај патарината Отовица што се случила вчера попладне, тешко е повреден 62-годишен жител на велешкото село Богомила.

Велес, 19 август 2020 (МИА) – Во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, кај патарината Отовица што се случила вчера попладне, тешко е повреден 62-годишниот жител на велешкото село Богомила, С.Г..

На лице место дошла екипа со возило на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која му укажала прва помош и итно го транспортирала во Хируршката амбуланта на велешката Општа болница.

Како што информира д-р Василка Пановска поп Стефанова, началник на Итна помош Велес, тој имал повреди на десен надлакт и лев колк и мала рана на чело и по укажаната прва помош бил итно однесен во Хирушката амбуланта на велешката Општа болница.

Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Здраствен дом, С.Г. имал тешки повреди на граден кош и по укажаната помош во велешката болница итно бил транспортиран во скопските клиники. ад/мс/

Back to top button
Close
Close