БалканДописници Свет

Во Словенија веќе се тестира 5Г технологијата

Во словенечкиот приморски град Копер почна да се тестира 5Г мрежата, како дел од поголем европски проект финансиран од Европската комисија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 25 мај 2020 (МИА) – Во словенечкиот приморски град Копер почна да се тестира 5Г мрежата, како дел од поголем европски проект финансиран од Европската комисија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Телеком Словенија на пристаништето во градот веќе ја постави техничката опрема, а самата проверка на мрежата е предвидено да трае до крајот на летото.

Во Словенија на многу места веќе подолг период траат вакви проверки на 5Г технологијата за која се верува дека ќе донесе вистинска техничка револуција во комуникациите.

Националниот совет за безбедност на Словенија пред неколку недели на својот редовен состанок, како тема на дневниот ред ја имаше и 5Г технологијата и нејзината безбедност во однос на кибер-безбедноста и за тоа како брзината на истата ќе влијае врз протокот на информации. ав/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close