БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Словенија потврдени 15 случаи на новозаразени со коронавирусот

Во лабораториите во Словенија се потврдени 15 нови случаеви на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 25 април 2020 (МИА) – Во лабораториите во Словенија се потврдени 15 нови случаеви на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вчера лекарите направија вкупно 1.161 тестирања, а од почетокот на епидемијата за присуство на коронавирусот се проверени речиси 50.000 граѓани.

Намалување има во бројот на хоспитализирани, па така во овој момент болнички поради Ковид-19 се лекуваат 77 лица, а 23 пациенти поради потешка форма на болеста се наоѓаат на одделите за интензивна нега.

Изминатото деноноќие четири пациенти се отпуштени од болница, а еден човек почина како последица од Ковид-19. ав/

Таг
Back to top button
Close
Close