Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Во Словенија задолжително носење маски и на отворено ако нема дистанца

Во Словенија од денска е задолжително носењето заштитини маски и на отворено во случаи кога е невозможно да се држи физичка дистанца од најмалку два метра

Љубљана, 19 септември 2020 (МИА) – Во Словенија од денска е задолжително носењето заштитини маски и на отворено во случаи кога е невозможно да се држи физичка дистанца од најмалку два метра.

Таквата мерка е донесена синоќа од Владата со цел да се сузбие епидемијата на новиот коронавирус.

Носењето заштитни маски во затворен простор е задолжително уште од пролетта.

Досега во училиштата се носеа маски само во заедничките зони, а сега учениците и наставниците од повисоките одделенија ќе мора да носат заштитни маски во текот на целиот престој во училиштата ако не постои можност за физичка дистанца. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close