ЕвропаЕвропа.Портал

Во Словачка, поради коронавирусот во зоолошка затворен делот со мајмуни

Според претставничката на зоолошката градина, Зузана Чалупова, во тој дел има два вида човеколики мајмуни - шимпанза и суматрански орангутани, кои се многу чувствителни на човечките болести.

Братислава, 9 март 2020 (МИА) – Зоолошката градина во Братислава синоќа го затвори за јавноста делот со примати, како превентивна мерка откако во петокот беше потврден првиот случај со коронавирус во Словачка.

Според претставничката на зоолошката градина, Зузана Чалупова, во тој дел има два вида  мајмуни – шимпанза и суматрански орангутани, кои се многу чувствителни на човечките болести.

Во Словачка досега се потврдени три случаи на коронавирус, сите во едно семејство, во селото Костолиште близу Братислава. Во истовреме, четиричлено словачко семејство е ставено во карантин во нивната викенд-куќа во австриското село Кице, близу границата на двете држави. си/

Таг
Back to top button
Close
Close