ХроникаХроника.Портал

Во Скопје „пајакот“ во изминатите три дена подигнал 119 возила

Во текот на изминатитe денови (21, 22 и 23.02.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Во текот на изминатитe денови (21, 22 и 23.02.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкциониран е и еден возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Во текот на изминатите денови, соопштија денеска од МВР, 119 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Back to top button
Close
Close