Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Шведска трет ден по ред повеќе од илјада новозаразени

Во Шведска денеска трет ден по ред е регистрирано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кое изнесува 1.056, соопшти Шведската агенција за јавно здравје.

Стокхолм, 5 јуни 2020 (МИА) – Во Шведска денеска трет ден по ред е регистрирано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кое изнесува 1.056, соопшти Шведската агенција за јавно здравје.

Шефот на Агенцијата, Андрес Тегнел на вчерашната прес-конференција изјави дека дошло до зголемување на случаи најмногу во западниот дел на Шведска и меѓу помладата популација, објави британскиот весник „Гардијан“.

Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата изнесува 43.939.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 4.639, затоа што денеска се пријавени 77 смртни случаи, од кои не починале сите во изминатите 24 часа, туку и порано, со оглед на доцнење на податоците од локалните подрачја.

Стапката на смртност е многу помала во однос на врвот на епидемијата на крајот на април.

Шведскиот пристап кон коронавирусот е опишан како „лесен допир“, затоа што за време на пандемијата продавниците, спортските сали и рестораните останаа отворени, а од јавноста беше само побарано да ги избегнува сите непотребни патувања. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close