Дописници МКДОпштински вести

Во штипските училишта во прво одделение ќе тргнат околу 450 деца

Во штипските основни училишта од 1 октомври во прво одделение ќе тргнат 450 деца.

Штип, 10 Септември 2020 (МИА) – Во штипските основни училишта од 1 октомври во прво одделение ќе тргнат 450 деца. Раководителот на Секторот за образование, општи дејности и ЛЕР во општина Штип, Билјана Казанџиска вели дека очекуваат деновиве да се запишат уште неколку првачиња, имајќи предвид дека некои од родителите работат сезонски низ земјава.

– Во училиштето „Гоце Делчев“ ни се запишани 76 ученика, во „Ванчо Прќе“ 137, во „Славејко Арсов“ 34, „Димитар Влахов“ 117 и во „Тошо Арсов“ вкупно 74, вели Казанџиска.

Пред да стартуваат уписите на првачињата во мај од патронажната служба Општина Штип ја доби бројката на околу 650 деца, кои треба да тргнат во прво одделение, но Казанџиска вели дека разликата во бројките се појавува, бидејќи во оваа бројка се и децата од соседна Општина Карбинци, а и Клиничка болница-Штип е регионален центар, каде што на одделението за Гинекологија и акушерство се раѓаат новорденчиеа од целиот регион.

Во текот на денешниот ден пристигнато е изјаснувањето на училиштата, за каков вид на наставата ќе можат да организираат во 1 октомври. Штипското основно училиште во населбата „Баби“ е единствено во градот, кое може да организира настава од прво до деветто одделение со физичко присуство, ваква настава може да се организира и во подрачните училиште во руралните средини.

Онлајн настава ќе има во сите средни општински училишта за учениците, единствено во регионалниот електро-машински училиштен центар „Коле Нехтенин“ може да има комбинирана настава, односно практичната настава да се изведува со физичко присуство на учениците.вдј/ир

Back to top button
Close
Close