Дописници МКДОпштински вести

Во штипските градинки ќе се згрижат околу 650 деца

Во двете штипски детски градинки во среда ќе примат околу 650 деца. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорките на детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ извршија увид во последните подготовки пред приемот на деца.

Штип, 7 септември 2020 (МИА) – Во двете штипски детски градинки во среда ќе примат околу 650 деца. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорките на детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ извршија увид во последните подготовки пред приемот на деца.

Извршивме увид во просториите на детските градинки каде што од среда ќе ги посетуваат дечињата. Во моментот се врши дезинфекција на надворешниот дел од градинките од страна на Територијалната противпожарна единица со цел поголема заштита на децата и вработените во овие институции, вели  Миланов.

До денеска во детската градинка „Астибо“ има запишано 400 деца, а во детската градинка „Вера Циривири Трена“ околу 150 деца, а дополнително уписите се сеуште во тек.

Директорките на двете детски градинки истакнаа дека родителите мора да ги почитуваат протоколите коишто се објавени на нивните веб страни, а се пропишани од Министерството за здравство. Двете детски градинки ги завршуваат подготовките и се подготвени да ги примаат децата. вдј/ац/

Back to top button
Close
Close