Дописници МКДОпштински вести

Во штипскиот Затвор се чекаат резултатите од тестирањето на две осудени лица

Две осудени лица во штипскиот Затвор вчера се тестирани и денеска се очекуваат резултатите, информира за МИА директорот Мики Тодоров.

Штип, 10 април 2021 (МИА) – Две осудени лица во штипскиот Затвор вчера се тестирани и денеска се очекуваат резултатите, информира за МИА директорот Мики Тодоров.

Петте осудени лица кои се заразени со корона вирусот се во добра состојбата и досега не покажале потешки симптоми. Меѓу заразените се и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и Митко Пешов поранешен началник на специјалнте полициски силио.

-Нашиот лекар секојдневно ги прегледува и им ја дава потребната терапија и е постојано во контакт со инфектолозите од штипскиот Ковид центар, додаде Тодоров.

Троца вработени во оваа казнено-поправна институции исто така се позитивни на коронавириусот, а досега болеста ја поминале 15 вработени.

Тодоров вели дека деновиве го доставиле и списокот на вработени, кои сакаат да се имунизираат, околу 60 проценти од вработените пројавиле интерес.

Во штипскиот ковид центар во изминатите 24 часа починаа четворица пациенти, двајца од Штип и по еден од Берово и Виница на возраст од 64 до 74 години. Хоспитализирани се вкупно 75, а 47 се на постојанат кислородна поддршка.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close