Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во штипскиот вакцинален пункт се врши само ревакцинација

Во регионалниот вакцинален пункт во салата „Јордан Мијалков“-Штип денеска се врши само ревакцинација на околу 150 пациенти, кои први влегоа во пунктот на денот на отворањето.

Штип, 25 мај 2021 (МИА) – Во регионалниот вакцинален пункт во салата „Јордан Мијалков“-Штип денеска се врши само ревакцинација на околу 150 пациенти, кои први влегоа во пунктот на денот на отворањето.

Дијана Коцева-Миланова лекар од Здравствениот дом-Штип вели дека денеска нема аплицирање на прва доза на вакцини.

-Здравствениот персонал е овде и имаме порелаксиран ден, наредните денови ќе имаме ревакцинација со кинеската „Синофарм“ и од 1.500 до 1.700 пациенти дневно, вели Коцева-Миланова.

Засега имаат вакви насоки за работа на регионалниот вакцинален пункт, доколку се продолжи со имунизацијата на населението кое е заинтересирано да ја прими првата доза на вакцината ќе бидат известени преку „Мој термин“, а исто така и преку медиумите.

Во штипската модуларна болница на болнички третман се вкупно 25 пациенти со коронавирус, од кои седум се на постојана кислородна поддршка, а во дневната амбуланта има 15 прегледи. вдј/ев/

Back to top button
Close
Close