Дописници МКДОпштински вести

Во штипската сала „Јордан Мијалков“ имунизирани над 1000 граѓани

На пунктот за масовна имунизација во штипската спортска сала „Јордан Мијалков“ во изминатите три дена вакцинирани се вкупно 1.050 граѓани. Директорката на Здравствен дом-Штип, Снежана Трајковска за МИА изјави дека возрасната граница деновиве се намалува.

Штип, 6 мај 2021 (МИА) – На пунктот за масовна имунизација во штипската спортска сала „Јордан Мијалков“ во изминатите три дена вакцинирани се вкупно 1.050 граѓани. Директорката на Здравствен дом-Штип, Снежана Трајковска за МИА изјави дека возрасната граница деновиве се намалува.

-Граѓаните над 70 години од вчера се вакцинираат во пунктовите во матичните општини, со цел да не се превезуваат до Штип на Здравствените домови од штипскиот и струмичкиот региони им обезбедивме вакцини. На Струмица и Кочани по 300, а на останатите општини по 200 вакцини. Од првата пратка од 5.000 вакцини ни останаат над 2.000, вели Трајковска.

Таа очекува деновиве да се спушти возрасната граница, а и да пристигне нова пратка на вакцини.

Инаку на пунктот постојано доаѓаат граѓани кои сакаат да се имунизираат, но здравствените работници засега, според насоките кои ги имаат од Министерството за здравство, мора да им укажат дека ќе се имунизираат, кога ќе се спушти возрасната граница и да бидат пријавени на апликацијата на Министерството.

Во изминатите три денови без проблеми тече имунизацијата на населението во штипската сала „Јордан Мијалков“.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close