0_Македонија.ПорталДописници МКД

Во штипската касарна одбележан Денот на Армијата

Денот на Армијата - 18 Август, во касарната „Јане Сандански"-Штип се одбележа почитувајќи ги препораките и мерките за заштита од КОВИД - 19, како и наредбата и насоките од претпоставената команда.

Штип, 18 август 2020 (МИА) – Денот на Армијата – 18 Август, во касарната „Јане Сандански”-Штип се одбележа почитувајќи ги препораките и мерките за заштита од КОВИД – 19, како и наредбата и насоките од претпоставената команда.

Командантот на касарната потполковник, Стојанче Кпстов истакна дека прв пат оваа година припадниците на АРМ го одбележуваат Денот на Армијата како полноправна 30-та членка на НАТО Алијансата што нив, како припадници ги прави почестени и особено горди.

Посочи дека самостојна, суверена и независна Република Северна Македонија има 28 години сопствена Армија чии корени се длабоко втемелени во вековната борба за слобода на македонските воини, востаници и борци. Овој ден кај секој искрен и чесен граѓанин на оваа земја ги буди емоциите и ги тера да се наврати назад во времето на пркосот и непокорот, во времето на формирањето на македонската државност.

-Процесот на создавање на македонската армија е нераскинливо поврзана со стремежите и делата на нашите претходници и великани од предилинденскиот и илинденскиот период кои храбро и пожртвувано го кренаа факелот на слободата, на борците од НОБ на Македонија кои со одлуките на АСНОМ ги удрија темелите на современата македонска држава.Зародиш на формирањето на Армијата беше баталјонот „Мирче Ацев“ формиран од одредот „Дамјан Груев“ на 18 август 1943 година на падините на Славеј планина, ден кога е создадена првата организирана формација на македонската војска, вели Костов.

Иизминатите 28 години, додаде тој, се успешна потврда дека со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност кон реформите, цврсто уверени во нашите можности и во нашиот стручно респектабилен човечки потенцијал, изградивме Армија достојна за почит и полноправна членка на НАТО Алијансата.

-Пред нас и понатаму стојат големи предизвици, мисии и задачи. Не треба и нема да дозволиме да го изгубиме она што макотрпно го стекнавме. Нашата единица, како основа за формирање на ЛПБГ (лесна пешадиска баталјонска група) ќе продолжи кон нови достигнувања, преку зголемување на нивото на обученост и интероперабилност со нашите НАТО партнери, ќе се модернизираме и опремуваме, ќе продолжиме по патот на остварување на нови и повисоки цели следејќи ги интересите на државата и НАТО стандардите, рече Костов. вдј/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close