Дописници МКДОпштински вести

Во Штип утре прва доза на „Фајзер“ ќе примаат над 300 пациенти закажани преку „Мој термин“

Во штипскиот регионален вакцинален пункт од утре стартува имунизација на над 300 граѓани, кои се закажани преку „Мој термин“, а ќе им се аплицира прва доза на „Фајзер“.

Штип, 28 мај 2021 (МИА) – Во штипскиот регионален вакцинален пункт од утре стартува имунизација на над 300 граѓани, кои се закажани преку „Мој термин“, а ќе им се аплицира прва доза на „Фајзер“.

Дијана Коцева Миланова лекар на вакциналниот пункт во спортската сала „Јордан Мијалков“-Штип, вели дека веќе четврти ден имаат само ревакцинација на населението. На овој пункт треба да се ревакцинираат над 16.000 граѓани со кинеската вакцина на „Синофарм“.

-Очекуваме дополнително 6.000 дози на вакцини од „Синофарм“, тие ни се исклучиво за ревакцина, а од утре прва доза на „Фајзер“, вели Коцева-Миланова.

Посочи дека сите пациенти кои се хронично болни, на дизјализа или чекаат трансплатација можат да се јават на пунктот и ќе бидат вакцинирани. Но, од Министерството за здравство се уште немаат добиено насоки за лицата, кои имаат ретки болести. Овие пациенти во моментов можат да се вакцинираат само на пунктот во Скопје. вдј/нд/

Back to top button
Close
Close