Дописници МКДПолитикаПолитички партии

Во Штип трибина Агенда Социјална заштита 20-24 на СДСМ

Лицата со попреченост ќе имаат лични асистенти и од шест години, ова го налага и нивната инклузија во училиштата, но и е согледано по низата на примери, најави денеска од трибината Агенда Социјална заштита 20-24 на СДСМ, Томислав Томшиќ, експерт за социјални услуги.

Штип, 25 јануари 2020 (МИА) – Лицата со попреченост ќе имаат лични асистенти и од шест години, ова го налага и нивната инклузија во училиштата, но и е согледано по низата на примери, најави денеска од трибината Агенда Социјална заштита 20-24 на СДСМ, Томислав Томшиќ, експерт за социјални услуги.

-Така можеме да ги помогнеме и најмалите деца со попреченост, кои одат на настава, да добија свој личен асиситент, за да ги одмориме родителите, но и децата да бидат вклучени со сите оние дечиња, коишто редовно ја посетуваат наставата, рече Томшиќ .

Забележа дека сите општини треба да направат и соби за релаксација, односно сензорни соби, бидејќи, како што рече, целта на инклузивното образование на лицата со пореченост не е тие секогаш да бидат на часот, туку да ја посетуваат наставата онолку, колку што можат.

-Само така ќе се менуваме, бидејќи во минатиот период ние бевме сведоци и се кажувавме дека сме топол народ, но имавме ситуации, каде што ние бевме лично сведоци луѓето не ги прифатија лицата со попреченост. Сите викаа да треба да им се помогне, истото се случуваше и со воспитно социјални проблеми. Така што сметам дека живеењето заедно ќе помогне сите ние заедно да растеме и да сфатиме дека личноста не е опасна, рече Томшиќ.

На денешната трибина говореа експерти и граѓански активисти, кои се вклучени во областа на социјалната заштита, но и работничките права. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“ потенцираше дека во изминатите две и пол години соработката со поранешната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска била добра, бидејќи токму од граѓанскиот сектор барала мислење, решенија и биле вклучен во носењето на новиот Закон за работни односи, кој го очекуваат по изборите. Смета дека МТСП во изминатиот период било вистински партнер и на невладините и на работниците. Задоволни се што минималната плата е зголемена на 14.500 денари, но од власта побараа поголема ангажираност на терен од страна на трудовите инспектори од одредени градови, како и да се пронајде начин, како да се утврдува прекувремената работа на работниците, бидејќи нивните анализи покажуваат дека на терен одредени конфекции не вршат исплата на прекувремена работа, како и работа за празници.

-Вие имате работници, коишто работат над 40 часа, тоа е докажано и од нашите истражувања и сметам дека е репрезентативен примерок, ако сте прашале над 800 работници, од кои 90 отсто ви се од источниот регион и ќе ви кажат дека нивната работа е над 50 часа неделно, а на листовите за плата ги нема никаде, а на крајот имаме загуби во работењето, не ни е јасно што се тие загуби во работењето, посочи Ампева.

Универзитетскиот професор, Бранимир Јовановиќ од Институт за социолошки и хуманистички науки Скопје смета дека поранешната министерка Царовска и нејзиното министерството во рок од две и пол години најмногу направиле во делот на реформите, посочувајќи го зголемувањето на минималната плата, во неколку наврати, како и во делот на социјалната заштита, зголемувањето на паричниот надоместок и решавањето на проблемот со стечајните работници. Но, смета дека треба да се продолжи зголемувањето на социјалната помош, бидејќи четири члено семсејтво не може да опстои со 12.000 денари, а предложи да се зголеми опфатот на домаќинстава, кои би ја примале оваа помош, потоа  да се донесе новиот Закон за работни односи, како и да се решат проблемите со извршителите. Бара да се врати прогресивниот, односно праведниот данок, кој е замрзнат по неговата примена од не цела година.

-Ги гледав податоците денеска. Во првите 11 месеци 35 милиони евра имаме повеќе собрано, отколку лани што сме собрале, а нашите проекции беа дека ќе собереме 25 милиони евра, рече Јовановиќ.

Смета дека првичните проекции се надминати и какошто вели не е праведно платите на текстилните работници да се оданочуваат со над 30 отсто, а додека оние што земаат плата од 250.000 евра, нивните примања да се даночат со само 12 отсто.

На денешната трибина говореа и Билјана Дуковска од Платформата против сиромаштија, која ги поздрави сите реформи, кои беа преземени од страна на ресорното минситерство во делот на социјалната заштита, надоместоците и услугите. Потенцираше дека луѓето не се само статистички бројки. Побара да се најдат алатка со кои граѓаните ќе бидат подобро информирани за новите законски измени, но и правата.

-Граѓаните се уште зборуваат дека нема кому да се обратат и од каде да ги исцрпат потребните информации, без разлика колку Владата се декларира транспарентна и отворена, колку министерството своите мерки ги промовира. Граѓанските организации многу често констатираат дека граѓаните не можат да бидат информирани за законски промени или за правата што им следуваат или за менување на некаква регулатива, посочи Дуковска.

Смета дека треба да се бара и начин како пензионерите да се вклучат и да останат активни во општественото живеење, дали тоа ќе биде преку волонтерство или добивање на финансиска надокнада.

Поранешната Министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешнава трибина истакна дека за две и пол години направени се реформи во овој сектор, меѓу кои и зголемувањето на минималната плата, значајна за овој дел од регионот, каде што предничат трудоинтезивните гранки.

-Со години имавме една група на граѓани која со години се држеше на ниски примања, посебно овде во источниот регион, а тоа беше поради тоа што претходната влада ја промовираше државата како земја на евтина работна сила. Денес тоа е променето, ако ја видите структурата на плати ќе видите дека денес повеќе од 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари, посочи Царовска.

Таа истакна дека паралелно со растот на минималната плата на 14.500 денари донесен е закон со кој на сите работодавачи кои сакаат да ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари, државата ќе им ги субвенционира придонесите и тоа дополнително влијае на раст на платите во државата, заклучи Царовска.

Модератор на денешната трибина беше дополнителната заменик министер за труд и социјална заштита, Санела Шкријељ. вдј/вј/

Back to top button
Close
Close