Дописници МКДОпштински вести

Во Штип се врши масовно тестирање на текстилните работници

Во тек е масовното тестирање на работниците од текстилната конфекција, но и на оние кои се превезувале во истите автобуси од други конфекции до своите работни места. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје - Штип денеска земаат брисеви на околу 35 работници и нивни контакти, а тестирањето ќе продолжи и утре.

Штип, 30 мај 2020 (МИА) – Во тек е масовното тестирање на работниците од текстилната конфекција, но и на оние кои се превезувале во истите автобуси од други конфекции до своите работни места. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Штип денеска земаат брисеви на околу 35 работници и нивни контакти, а тестирањето ќе продолжи и утре.

Тестирањето се врши на пунктот, но и по домовите кои се опфатени со тестирањето. Резултатите, кои ќе се добијат ќе ги дададат и насоките на надлежните, какви мерки дополнително ќе се преземат.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски за МИА вели дека до денеска бројот на лица кои се во изолација е 170 граѓани. Тој останува на ставот, а и разговарал со надлежните во Министерството за здравство дека во моментов за Штип нема потреба од дополнителни поригозрни мерки, како што е карантинот. Смета дека граѓаните се свесни за состојбата, а епидемиолозите ќе го затворат ширењето на вирусот од овој кластер.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 15 пациенти, кои се со средна клиничка слика и се во стабилна состојба. Капацитетот на Инфективното одделение е за 33 пациенти.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close