Дописници МКДОпштински вести

Во Штип се реконструира улицата „Љубен Иванов“

Во Штип се реконструира една од главните сообраќајни артерии во централното градско подрачје.

Штип, 16 април 2020 (МИА) –Во Штип се реконструира една од главните сообраќајни артерии во централното градско подрачје. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работни на улицата „Љубен Иванов“, која води кон Клиничка болница-Штип.

Се работи за 3.100 метри квадратни нова асфалтна површина и сума на чинење е 2,1 милион денари. Ова е сериозна артерија во градот и верувам дека многу од граѓаните ќе видат бенефит од нејзината реконструкција, вели Бочварски.

Оваа улица беше во лоша состојба и со дупки на коловозната лента. Бочварски истакна  дека тендерската постапка за оваа улица била завршена пред да почне пандемијата. Нагласи дека по завршувањето на оваа состојба  ќе се  продолжи со реконструкција на улиците Коле Неделковски, Сајбие Демир“, потоа ќе се уреди паркингот, кој на штипјани е познат како „Аргач“  и крак од Булевар ЈНА. вдј/ир

Таг
Back to top button
Close
Close